Обвинет од „Диво Насеље“ тврди дека бил жртва на сексуално насилство

Сподели со своите пријатели

Бајрам Елшани обвинет во случајот „Диво Насеље“ за случувања поврзани во кумановската населба Тоде Мендол пред судскиот совет на вчерашното рочиште изјавил дека во полициската станица во Скопје бил сексуално злоставуван.

Во полициската станица во Скопје двајца припадници на полицијата ме испратија во тоалет, каде што еден од нив се соблече и потоа се срамам да кажам што ми се случи – изјави Бајрам Елшани, обвинет во случајот, пренесе Плусинфо.мк.

Според Елшани, тој неколку пати имал можност да ги нападне полицајците и пред 9 мај, но тоа не го сторил, бидејќи не дошол да врши тероризам. Говорејќи за борбите цели дека се предале поради гаранциите кои ги добила групата.