Облачно и топло време, врнежи за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето утринава насекае во земјава преовладува облачно време, а во крајните западни делови со врнежи од дожд. Дува слаб јужен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето во текот на денот ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремени локалени врнежи од дожд.Врнежите ќе бидат со слаб а во западните планински предели со умерен интензитет.Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 13 до 21 степен.

Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Leave a Reply