Обилни врнежи и пад на температурата за 10 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во северните делови ќе има локален дожд со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи..

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 9 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 27 до 34 степени целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно понеделничко стартување. Максималната дневна температура ќе достигне 30 степени целзиусови. Ќе дува умерен ветер од западен, односно југозападен правец кој во вечерните часови ќе донесе обилни врнежи од дожд кои ќе продолжат и во наредните неколку денови. Од Националниот хидрометеоролошки завод е издадено жолто предупредување за обилни врнежи.

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од вторник се очекува значителна промена на времето. Во вторник и среда ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, а поголеми количини на воден талог се очекуваат во западните и јужните делови од земјата. Температурата на воздухот значително ќе опадне.

Во четврток и петок ќе има и локална појава на нестабилност, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.

 

Loading...