НСДП: По одлуката на Уставниот суд сите понатамошни избори се бесмислени

Сподели со своите пријатели

Нова социјал-демоктратска партија достави соопшштение во јавноста како реакција на денешната одлука на Уставниот суд да овозможи помилување од претседателот на државата за изборни нерегуларности, педофилија и друг тежок вид на криминал.

Соопштението Ви го пренесуваме во целост.

По бруталното убиство на правната држава од страна на Уставниот суд сите понатамошни избори во Република Македонија, вклучително и 5-ти јуни како утврден датум за вонредни парламентрани избори, се безсмислени. Освен ова, безпредметни стануваат сите напори околу ажурирањето на избирачкиот список и се друго околу подготовката на изборите.

По ова станува сосема извесно дека следниот чекор на Уставниот Суд е укинувањето на Специјалното Јавно обвинителство-СЈО, како сериозна закана за Груевски и криминалната структура околу него.

Со нарачаната одлука на Уставниот Суд, владеачката структура практично ги призна сите кривични дела поврзани со изборите, давајќи можност на сторителите на кривичните дела да бидат амнестирани и аболицирани практично им упати јасна порака- продолжете да тепате, да затварате, да казнувате и да фалсификувате избори колку што сакате, бидејќи веќе никој ништо не Ви може.

Во овој момент граѓаните на Република Македонија немаат никаков правен механизам за да ја заштитат правната држава,  па затоа остануваат две алтернативи: или опозициската групација од политички партии и граѓански здруженија да гради нова алтернативна стратегија за излез од правниот хаос во државата и заштита на човековите права и слободи, или пак енергична интервенција на меѓународната заедница како гарант на договорот од Пржино.