Новогодишен базар во СОУ „Перо Наков“ (галерија)

Сподели со своите пријатели

Традиционално и оваа година учениците од Средното општинско училиште „Перо Наков“ денеска одржаа новогодишен базар на кој беа презентирани производи кои ги продаваа по симболична цена.

Најмногу месец дена се подготвувавме и може да најдете различни видови на украси најмногу украси се застапени, почнувајќи од флаши, елки, новогодишни венчиња, честитки и слично. Денеска ни е прв ден многу сме задоволни веќе и се продадоа поголем дел од производи. Средствата се уште немаме одредено каде ќе завршат, но сепак ќе бидат наменети за некои училишни цели – изјави Николај Павловски, ученик во СОУ „Перо Наков“.

Loading...

 

Ваквиот базар се одржува скоро секоја година под менторство на наставничката Гордана Ж. Стојановска.