Новогодишен базар на градскиот плоштад во Куманово

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово организира новогодишен базар на градскиот плоштад пред центарот за култура, каде ќе бидат поставени времени објекти, куќички во кои ќе се врши продажба на новогодишни производи, украси, сувенири и честитики.

Општината поседува 25 унифицирани мали мобилни тезги, а заедно со здружнието на угостители ќе набават дополнителни десет.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, на денешната прес-конференција, информира дека  заинтересираните закупци ќе имаат можност да закупат мини барака по симболична цена од 300 до 400 денари.

– Сакам да ве информирам дека вчера се реализираше заедничка акција на инспекциските служби за отстранување на диво поставените импровизирани тезги поставени во централното градско подрачје, на градскиот плоштад, изјави Димитриевски.

Loading...

Информираше дека пред Нова Година на 28, 29 и 30 декември ќе има новогодишна прослава, но поради загадувањето нема да има новогодишен огномет.

Новогодишниот базар го организира општина Куманово во соработка со ЈП „Пазаришта“.

Извор: МИА