Ново засилување вечерва пристигнува во Челзи

loading...

Фудбалските клубови Рома од Италија  и Челзи од Англија  постигнаа договор околу трансферот на Антонио Ридигер.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Ридигер вечерва пристигнува во Лондон каде што ќе го финализира договорот со неговиот нов клуб.

Челзи за потписот на германскиот репрезентативец одвои 35 милиони евра кои ќе бидат надополнети со плус 4 милиони како додатни бонуси на фудбалерот .

Ридигер во Челзи пристигнува како замена за Џон Тери кој вчера потпиша договор со Астон Вила, а Германецот ќе им помага околу одбраната на Давид Луиз и Гери Кејхил .

На тренерот на Челзи, Антонио Конте во оваа сезона ќе му е потребна подобра екипа бидејќи освен тоа што ќе се натпреварува во Премиер лигата сега и ќе настапува во елитното европско натпреварување Лига на шампиони.

Да потсетиме дека Челзи е во завршни преговори околу трансферот на Алекс Сандро од Јувентус  и на Бакајако од Монако.

Пишува: Стефан Младеновски


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments