Нови 14 контејнери на ТЦ Табановце и оградување на патот до границата со Србија

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа тимовите на Итна медицинска помош не пружиле здравствена заштита на мигранти, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот извештај за транзитниот бегалски центар на Табановце.

Loading...

Екипите на Јавната Здравствена Установа ЦЈЗ – Куманово во текот на изминатите 24 часа,  поточно од страна на ДДД служба извршиле  дезинфекција на 6 вагони на површина од 1200 м2, како и дезинфекција на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти на површина од  1000 м2.

Како што информира РЦУК Куманово, во ТЦ Табановце се работи на проширување на 600 квадрати и припрема за прифат на 14 контејнери наменети за мајки со деца. Се работи на надворешно и внатрешно таблирање на електрична енергија и приклучок до трафостаницата, во делот каде се поставени три шатори и полицискиот контејнер на излезот на кампот, и се очекува во попладневните часови објектите да добијат ел.енергија.

Во моментот се работи на заградување со столбови и мрежа на тампонираниот пат од 620 метри до границата со Р.Србија.