Новата работна недела ни носи сончево време

Сподели со своите пријатели

Раните утрински часови ќе донесат магла во котлините и клисурите низ дражавата, но во текот на денот ќе имаме сончево и топло време за овој период од годината, пренесува порталот за временска прогноза метеопро.мк.

Loading...

Мало незначително заоблачување може да се очекува во попладневните часови во источниот дел од земјата.

Што се однесува до температурите, утрото ќе биде релативно студено со температури од 0 до 4 степени ширум државата, додека максималните дневни ќе донесат нешто повисоки вредности и тоа во интервал од 17 до 21 степен целзиусов.

Во Куманово денеска по ниската утринска температура од два сепени целзиусови и маглата, не очекува сончев ден со максимална дневна температура од 17 степени целзиусови и слаб ветер од западен правец.

Слично време според синоптичарите ќе се задржи до крајот на работната недела.