Нова бизарна игра во Русија која станува популарна меѓу младите (видео)

loading...

Во Русија се појави нова бизарна варијанта на ”руски рулет” во кој наместо куршум се користи струен шок. Играта станува се` популарна во рускиот град Перма.

Играчите како и порано во ”руски рулет”, го вртат колтот на револверот и го прислонуваат на глава, незнаејќи дали колтот ќе застане така да со повлекување на орозот, се покренува и струен шок.

Новата верзија ја осмислил Валериј Есченко, поранешен борач во мешани боречки вештини, кој дошол на идеја додека лежел во болница откако повредата го приморала да се повлече од рингот.

Тој во борбата заработил ретко заболување на нервот наречено Ѓилијан – Баров синдром поради кој паднал во кома и останал парализиран.

Кога се освестил, патентирал игра и наложил правење на соодветна опрема.

Во негиовиот роден крај, бизарната игра станува се` популарна.

 

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments