Нов трансфер во Реал Мадрид

Сподели со своите пријатели

Тео Ернандес вчера беше во центарот на вниманието на аеродромот во Мадрид.

Досегашниот фудбалер на Атлетико Мадрид до крајот на наделата ќе потпише нов договор со Реал , за кој што Реал Мадрид ќе плати 24 милиони евра со плус додатни 6 милиони.

Тео Ернандес ќе биде трето засилување на Зинедин Зидан, ако ги земеме во предвид играчите кои се вратија од позајмица Ваљехо и Лјоренте кои оваа лето ќе добијат шанса на подготовките .

Желбата од малите нозе на Ернандес да стане играч на Реал  сега станува реалност, а во Мадрид го чека голема конкуренција.

Пишува: Стефан Младеновски