Нов случај во рацете на Специјалното јавно обвинителство

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Специјалното јавно обвинителство во 11 часот е закажана прес конференција за медиумите на која според првичнит еинформации треба да се обелоденат нови случаи кои ќе ги отпочнат специјалните обвинители.

Некои портали веќе објавија дека се работи за случајот „Шпион“ во кој во 2014 година вкупно 17 лица беа осудени за неколку кривични дела.

Точно напладне треба да се одржи и 99-та седница на Собранието на Република Македонија на која ќе се разгледува и Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за период од шест месеци, односно за период од 15.9.2015 до 15.3.2016 година.