Нотар кој работел на кумановско подрачје заработи кривична

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.У. (48) од Скопје, Нотар на подрачје на Основен суд Куманово, Крива Паланка и Кратово, со седиште во Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената ја злоупотребила службената положба со пречекорување на границите на службеното овластување на тој начин што овозможила издадено Решение од нејзина страна да стане првасилно и извршно, без притоа да биде известен Т.С. од Куманово, со што го пропуштил правото да вложи приговор.