Ноќва започнува летното сметање на времето

Сподели со своите пријатели

Ноќеска, сабота кон недела официјално започнува летното сметање на времето, па така вашите стрелки на часовникот треба да ги поместите еден час понапред, односно од 2 часот по полноќ да ги подесите на 3 часот.

Летно сметање на времето или летно време — договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 г. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 г. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната.

Во Македонија, како дел од СФРЈ, летното сметање на времето се користи од 1983 ггодина, а од 1996-та е регулирано со Закон за сметање на времето.