Никос Анастасијадис повторно избран за претседател на Кипар

Сподели со своите пријатели

Актуелниот претседател на Кипар Никос Анастасијадис го освои вториот претседателски мандат во вториот круг од изборите откако го победи својот противник Ставрос Малас.

Анастасијадис освоил 55,9 отсто од гласовите, на основа на 95 отсто од пребројаните гласови, што е 12 отсто повеќе ов однос на неговиот ривал Малас.

Државните медиумите јавуваат дека Малас го повикал Анастасијадис и му ја честитал изборната победа, пренесува агенцијата АП.

Анастасијадис (71), адвокат со британско образование од христијанско-демократската партија „Демократски збор“ вети оживување на преговорите за повторно обединување на Кипар и беше фаворит на изборите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку граѓани гласале до 17 часот во Македонија?

Leave a Reply