Нијанси го решија натпреварот помеѓу ЖРК Куманово и Вардар СЦЈС

Сподели со своите пријатели

И покрај изворедното прво полувреме на ЖРК Куманово кое што го доби со резултат 10:13 и каде што буквално во секој дел од играта го надигра ЖРК Вардар СЦЈС, сепак не беше доволно за добар резултат. Уште еднаш решавачко беше неискуството на нашиот млад тим и “тенката“ клупа.

ЖРК Куманово на почетокот најави дека е подготвен да води борба за освојување на сите три бода или во најмала рака да освои бод. Особено во првото полувреме кога имаше водство од 3-4 гола кое што можеше да биде и поголемо но беше спречено од скопскиот судиски пар Илиева и Карбеска. На полувреме се отиде со резултат 10:13.

Пресуден фактор беше почетокот на второто полувреме кога домашниот тим успеа да направи серија од 5:0 и да поведе со 15:13 и до крајот успеа да ја одржи предноста, нормално потпомогнати со пристрасното судење за домашниот тим. Тоа се докажува и со фактот дека ЖРК Вардар СЦЈС ниту еднаш не се најде во пасивен напад, а немаше ни санкција за неколку груби фаули кои што ги направија домашните ракометарки. Натпреварот заврши со резултат 23:20.

Во ЖРК Куманово најефикасна беше Александра Боризовска со 7 постигнати гола, а голем придонес даде и Маја Ивановска со 4 гола која што полека но сигурно влегува во форма, и капитенот Викторија Пеовска со 4 постигнати гола.

Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра против тимот на ЖРК Гевгелија.

фото: архива

Loading...