27.05.2015 09:50

Неврохирург од Харвард после лично искуство, верува во задгробен живот (видео)


Откако поминал седум дена во кома, неврохирургот од Харвард, Ибен Александар, тврди дека постои живот после смртта и дека сега е уверен во постоење на нефизички дух.

Обучуван во западни медицински школи и опкружен со колеги од медицината кои се длабоко посветени на материјалниот поглед на универзумот, тој сметал дека идејата за постоење на душа била чудна. Како и многумина скептици, тој верувал дека приказните за задгробниот живот се плод на халуцинации или продукт на човековата фантазија.

Докторот Александар го сменил своето мислење откако бил во кома седум денови предизвикана од редок вид на бактериски менингит. За време на комата тој доживеал живописно патување во она за кое тој смета дека е задгробен живот, посетувајќи и небесни и не толку небесни царства.

По враќањето во своето тело и чудотворното излекување наспроти сите неприлики, тој ја напишал најчитаната бестселер книга на Њујорк Тајмс „Доказ за рајот“. Тоа што докторот Александар го потврдува е дека овој наш живот на земјата е само тест со кој нашите души се развиваат и растат, и најдобриот начин за ова растење е преку љубовта и сочувството. Еве некои од најзначајните забелешки кои тој ги дал.

– Искуството на задгробниот живот било толку реално и експанзивно што животот како човек на земјата изгледало како вештачки сон за споредба.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments