Невремето создаде оштетувања и на регулацијата на речното корито

Сподели со своите пријатели

Краткотрајното, но поројно невреме кое вчеравечер околу 20 часот го зафати кумановско, создаде проблеми и на речното корито, кое е во фаза на изградба, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

– Оваа високо ниво на вода ни прави дополнителни проблеми во реализација на проектот за средување на речното корито бидејќи знаете дека таму сме во фаза на инвестиција или регулација на речното корито во втора фаза каде што дел од тоа што веќе е сработено од страна на изведувачот е во одреден дел уништено, но сепак најважно е да бидеме сигурни и сето она што е уништено ќе го поправиме, рече Димитриевски.

Градоначалникот изрази благодарност до јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“ кои своите вработени веднаш ги ангажираа на терен во расчистување на улиците во централното градско подрачје кои беа преплавени со половина метар вода.

– Тоа е времето не можеме да планираме никогаш што се случува, природата е таква имаше големи падежи, голема количина на вода, за жал инфраструктурата која што ја имаме во Куманово е таква каква што е, канализационите системи, конкретно атмосферската канализација немаше капацитет да ја прифати целата таа вода која што падна за многу кус временски период и морам да се заблагодарам на службите што интервенираа веднаш од јавното претпријатие „Водовод“, ги отворија сите можни пропусти за да биде во најкраток можен период прифатена, т.е. спроведена таа вода во речното корито, рече Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Според првиот човек на градот самата надојдена вода ја изнесе на површина сета смет што граѓаните ја фрлале во одводните системи, но и во речните корита, па работата на екипите кои вршеле расчистување дополнително била отежната.

– Забележав и дека огромна количина на смет која што беше исфрлана од несовесните граѓани во канализационите системи доведе да се соочиме со дополнителни проблеми и им ја отежна работата на луѓето. Веднаш во доцните вечерни часови каде што имаше најголема количина на вода, акумулација, тоа беше еден дел од булеварот „Октомвриска револуција“ и на улицата „Никола Тесла“ излегоа екипите на ЈП „Чистота и зеленило“, првично физички го собраа оној смет, а потоа беше извршено миење на улиците и ние ќе продолжиме и денеска во текот на денот, а и утре да продолжиме да го средуваме градот, додава градоначалникот.

Според најавите од општината ситуацијата се следи постојано со оглед на високите водостои на реките во градот и доколку дојде до опасност ќе се интервенира со тешка механизација за да не се излеат водите на Кумановка и Липковка.

фото: архива

Leave a Reply