Невремето ги остави кумановските села во мрак

Сподели со своите пријатели

Силното невреме кое попладнево го зафати Куманово и кумановско, а проследено со обилни врнежи од дожд, силни електрични празнења и засилен ветер остави без електрична енергија неколку села во кумановско-липковскиот регион.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за селата: Биљановце, Новине, Краста, Пчиња, Ново Село, Матејче, Никуштак, Војник, Ваксинце, Слупчане, Оризаре и Алешевце.

Интензивна нестабилност, проследена со пороен дожд, електрични празнења и можна појава на град имаше и во Мариово и дебарско.