Невреме со град во кумановско (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град, како и силни електрични празнења доцна вечерва по 19 часот ја зафати околината на кумановско.

Градот кој интензивно паѓаше десетина минути ја покри земјата, а за кратко време паднаа и поголеми количества вода.

 

Loading...

 

Засега не е познато дали има штети, но водостоите на реките Пчиња, Кумановка и Липковка се доста високи, а браните Глажња и Липково претекуваат со денови.

Според УХМР, во ноќните часови ќе се задржи нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источната половина од земјата. Во втората половина од ноќта атмосферата ќе се стабилизира.

Leave a Reply