Нетанјаху: Доколку биде потребно Израел ќе дејствува против Иран

Сподели со своите пријатели

Иранскиот режим претставува најголема светска закана и доколку биде потребно Израел ќе дејствува, не само против неговите сојузници на Блискиот Исток, туку и против самиот Иран, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Израел нема да дозволи иранскиот режим да ни стави јамка на теророт околу вратот, порача Нетанјахи во обраќањето на Минхенската безбедносна коференција, држејќи во раката парче од, како што рече, урнат ирански дрон што на почетокот на месецов навлегол во израелскиот воздушен простор.

Во своето прво обраќање на собирот во Минхен, Нетанјаху ги повика американските и европските официјални претставници и диплоати без одлагање да му се спротивстават на Иран, нагласувајќи дека на Блискиот Исток се бележи растечко иранско присуство.

Според израелскиот премиер, додека меѓународната коалиција предводна од САД се бори против џихадистичката група Исламска држава, Иран ја зајакнува својата моќ на теренот.

– Жално е што ИД се повлекува, а Иран се шири, обидувајќи се да воспостави своја трајна империја околу Блискиот Исток, почнувајќи од југот на Јемен и обидувајќи се да создаде копнен мост од Иран до Ирак, Сирија, Либан и Газа, нагласи Нетанјаху.

И онака лошите односи меѓу Израел и Иран дополнително ескалираа на 10 февруари, кога беше отворн оган врз израелски воен авион, кој се враќал по извршен воздушен напад врз ирански позиции во Сирија. Тоа е досега нејсериозен инцидент меѓу Израел и силите што ги поддржува Иран./МИА

Leave a Reply