Нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено повеќе врнежи се очекуваат во јужните и западните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Минималните температури ќе се дивжат од 7 до 14 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 19 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме претежно сончево до умерено облачно време со услови за врнежи од дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 22 степени целзиусови.

И утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Од четврток се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.