НЕПАЛ: Семејството ја протерало од дома поради менструација

loading...

Една жена во зафрлено село во Непал починала откако според традицијата била протерана од дома и приморана да живее во шупа за време на менструалниот циклус, соопштуваат тамошните власти.

Властите наведуваат дека 21-годишната девојка веројтано починала поради вдишување чад одвнатре кога запалила оган поради ниските температури во планинското село.

Телото на жената било пронајдено во понеделник.

Работи за менструалниот циклус што секоја жена треба да ги знае

Традицијата според која жените поради менструација се издвојуваат од заедницата и натаму се практикува во некои зфрлени села во Непал, иако Владата тоа го забрани и воведе закон кој предвидува казни за лицата кои ги присилуваат жените да го почитуваат тој обичај.

Одредени жени поради тој обичај се соочуваат со студот или напади на диви животни, но и нехигиенски услови кои можат да предизвикаат инфекции.

Новиот закон ќе стапи на сила во август, а лицата кои го прекршат и присилат жена да живее надвор од дома за време на менструалниот период ќе се соочат со казна затвор и до три месеци или парична казна од 3.000 непалски рупии (околу 24 евра).


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments