Немал возачка дозвола, па ги надпаднал полицајците што го стопирале во Липково

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер во 18.00 часот, на крстосницата за влез во селото Липково, кумановско, поради контрола и легитимирање, двајца полицики службеници сопреле патничко возило „Ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (39) од село Арачиново.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при контролата полициските службеници утврдиле дека возачот не поседува возачка дозвола и дека возилото не било регистрирано. Кога му соопштиле дека за овие прекршоци ќе му биде поднесена соодветна пријава, С.С. почнал да ги навредува, да им се заканува и да ги влече за униформите полициските службеници. С.С. бил приведен во Полициското одделение Матејче, а по целосно документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.