Нема причина за срам! Ситуација во сексот од која се плашат и жените и мажите

Сподели со своите пријатели

Спалната соба е место полно со страствени моменти, но понекогаш се случуваат и некои по малку непријатни ситуации од кои се срамат и мажите и жените.

Според многу истражувања, сексот за време на менструација се нашол на високо место на листата на најголеми непријатности во спалната соба.

На жените идејата за секс за време на менструација често им е одбивна, бидејќи првото нешто на кое помислуваат е „нередот“ кој може да се случи во таа ситуација.

Истовремено се срамат да признаат дека нивната желба за секс во тие денови во месецот е исклучително голема, а причината за тоа е навалата на хормони која се случува за време на менструацијата.

Од друга страна, на мажите им е непријатно да и` признаат на партнерката дека менструацијата не ги одбива од сексот.

Постојат многу митови и заблуди за сексот за време на менструација, а во продолжение прочитајте се` што морате да знаете за тоа.

1. Докторите го одобруваат. Од медицинска страна нема препрека за сексот за време на менструација. „Партнерите можат слободно да продолжат со сексуалниот однос за време на тие денови во месецот, се` додека на жената и` е пријатно во таа ситуација. Тоа е сосема нормално и безбедно и за двата партнери“, рекла за „Health” докторката Тара Форд од Медицинскиот центар за женска сексуалност во Њујорк.

2. Би можел да ви се допадне. Нивото на естроген и тестостерон е низок во првиот ден од менструацијата, но потоа почнува да се зголемува. Со растот на хормонот, се појавува и голем раст на сексуалната желба, па многу жени лесно се возбудуваат за време на менструацијата.

3. Немојте да заборавите на заштитата. Некои мажи му се радуваат на сексот за време на менструација, бидејќи мислат дека жената за време на тие денови не може да забремени, па не мора да користат кондоми. Токму тоа е една од најголемите заблуди.

Кај жените чија менструација трае повеќе од 6 дена, може да се случи совпаѓање со овулацијата, а освен тоа сперматозоидите можат да преживеат од 3 до 5 дена, па може да дојде и до ненадејно зачнување.