Нема пречки за ЖРК Куманово: Победа и против Овче Поле

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово впишаа победа и во седмото коло од Женската ракометна лига откако на гостински терен во Свети Николе, го совладаа составот на Овче Поле со резултат 33:25.

Првото полувреме мина во мала неизвесност кога е во прашање резултатот. Кумановки со водство го отворија натпреварот, но ракоментарките на Овче Поле се вратија во ритам и поведоа со резултат 5:4, за да направат и водство од 7:5 и 10:9. Сепак со три гола пред крајот на првото полувреме водството премина за гостинската екипа со што ЖРК Куманово имаше позитива од два гола по првиот дел од средбата.

По краткиот одмор, кумановки се вратија на теренот со предноста од 15:13, а домашните ракометарки намалија на гол негатива. Тоа беше првиот напад, останатиот дел од второто полувреме мина во доминатна игра за ЖРК Куманово кои до крајот на мечот направија поголема предност и славеа со осум голар азлика, односно резултат 33:25.

Најдобра во составот на Куманово со 10 реализирани погодоци е Мила Трајковиќ, додека со 12 погодоци во домашниот состав најдобра беше Стојанова.

Победата во седмото коло ја зацврстува втората позиција на ЖРК Куманово во табелата од женската лига, веднаш зад вицепрвакот на Европа, составот на Вардар.

Следниот меч ракометакрите на Куманово го играат на гостински терен против составот на ЖРК Пелистер од Битола.