Неколку улици во Куманово денеска без вода

Сподели со своите пријатели

Поради интервенции во водоводната мрежа во текот на денешниот ден привремено без вода ќе останат неколку улици во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Станува збор за улиците„Киро Фетак“, „Никола Карев“, „Карл Маркс“ и улицаа „Сава Ковачевиќ“.

Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ се излезени на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.