Неколку села и натаму отсечени од цивилизација

Сподели со своите пријатели

Неколку села во кумановско и околината и натаму остануваат отсечени од цивилизација поради нерасчистените патни правци од снегот кој паѓаше во изминатиот период.

Жителите на завеаните села во текот на изминатото деноноќие помош барале од Регионалниот центар за управување со кризи. Од таму велат дека на подрачјето на Општина Куманово завеано е селото Винце, додека пак во Општина Липково отсечени од цивилизација се селата Никуштак, Гошинце, Лукаре, Брест, Белановце.

Проблеми со нерасчистените патишта има и во селата од Општина Старо Нагоричане, таму и по 15 дена отсечени се селата Никуљане и Буковљане, а надлежните лица од општината велат дека во текот на вчерашниот ден со скип биле расчистувани патните правци помеѓу селата Арбанашко-Рамно-Улта-Пелинце , во селото Длабочица интервенирал булдожер, а бил чистен и патниот правец  Бајловце – Цвиланце.