Неколку патни правци низ државата затворени за сообраќај

Сподели со своите пријатели

Поради отстранување на одрони во близина на с.Истибања, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин во двата правци. Се користи алтернативен пат Кочани – Виница – Драгобрашта – Бигла – Македонска Каменица, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

За патнички возила воведена е забрана за движење на планинскиот премин Ѓавато, додека за тешки товарни возила забрана е воведена на патниот правец Тетово – Попова Шапка воведена е забрана за тешки товарни возила и автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – г.п. Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по  влажни коловози. Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100м на планинскиот премин Стража.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Leave a Reply