Неколку мртви и повредени во лавина на Алпите

Сподели со своите пријатели

Во лавина на француските Алпи загинале двајца скијачи, додека уште две лица се повредени во лавина во Швајцарија, близу границата со Франција, соопштуваат властите.

Скијачите страдале во одморалиштето „Val d’Iser“ во близина на границата со италија.

Локалните медиуми наведуваат дека во лавината загинал 44-годишен маж и неговата 11-годишна ќерка од Париз. Тие скијале на стазата која била затворена поради ризик од лавина.

Швајцарските медиуми првобитно објавија дека лавина паднала врз 10 лица, но полицијата подоцна потврдила дека се работи само за две лица.

Leave a Reply