Неколку милиони денари проневерени и украдени од кумановскиот Тутунски комбинат

Сподели со своите пријатели

На 30.08.2017 година од страна на СВР Куманово поднесена е кривична пријава против: З.Д (57 години) од Куманово, Стечаен управник на Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност и овластување“, „Измама“, „Употреба на исправа со невистинита содржина“и „Лажно пријавување на кривично дело“ ; И.С.(51 година) од село Оризаре, Општина Липково, поранешен сопственик и управител на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт,за сторени КД „Измама“, „Употреба на исправа со невистинита содржина“ и „Даночно затајување“ и против А.С. (39 години) од исто така од селото Оризаре, поранешен сопственик на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт за сторени КД „Фалсификување исправа“ и „Даночно затајување“, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. 

Горенаведените кривични дела пријавениот З.Д. ги сторил во временски период од 15.05.2013 година до 22.07.2016 година во три наврати злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување на начин што на 2 правни лица на 30.09.2013 година им признал задоцнети пријавени побараувања доставени во вид на известувања  на две правни лица и тоа ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт од с.Оризаре кое доставило побарување за излачувањеод стечајна маса на 29.850 кгр тутун и Трговско друштво „Македонија Табак 2000“ ДОО во ликвидација Штип доставило побарување за излачување од стечајна маса на подвижни предмети  (тутун, филтер стапчиња и делови од лабораторија) со приложена Спецификација во вкупна вредност од 145.411.220 денари.

На 22.07.2016 година З.Д изготвил записник за предавање на владение на подвижен имот на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт од с.Оризаре со признаено задоцнето побарување во вид на известување без претходно поведена постапка и доставена документација за докажување на потеклото на бараниот тутун  а само врз основа на приложен договор за закуп на магацинска просторија од 2005 година за чување и складирање на тутун тип Отља класа 3 во кој договор воопшто не е наведена количината на складираниот тутун и по кажување на второпријавенито И.С, првопријавениот му предал во владение 29.850 кгр. тутун со проценета вреднот од 2.364.120 денари без да знае дека оваа правно лице на 07.03.2016 година е избришано од Централниот регистар на РМ и дека 3.630 тутун во вредност од 421.080 денаи и 12.294 кгр во вредност од 973.684,80 денари се во сопственост на Агенција за стокови резерви на РМ, кои како признат доверител  истиот ден од стана на З.Д. на записник за предавање на владение примиле 132.198 кгр.тутун Отља кл 1 и 96.000 кгр тутун Отља кл.3.

Од нивна страна бил извршен вонреден попис за преземениот тутун, при што на 14.09.2016 година констатирале кусок од 110 бали тутун Отља класа 1 и 394  бали тутун Отља класа 3, односно уведеле дека се измамени од З.Д. и дека Агенцијата за стокови резерви е оштетена за вкупен износ од 1.394.764,80 денари случајот го пријавиле во МВР на РМ. За останатата количина од 13.926 кгр. тутун тип Отља кл 3 со проценета вредност од 1.102.939,20 денари го оштетил стечајниот должник Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД Куманово во стечај, додека на второ и третотпријавен им овозможиле да се текнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 2.497.704 денари.

По пријавувањето на кусокот од страна на Агенција за стокови резерви, З.Д. доставил пријава до СВР Куманово против непознат сторител за сторено дело Кражба, прикажувајќи дека кусокот на тутун е настанат од кражба.

И.С. како поранешен сопственик и управител на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт со намера да се стекне со значителна противправна корист со лажно прикажување на факти на Записникот за предавање на владение ставил потпис и печат од избришаната фирма а подоцна истиот записник од страна на  А.С. бил употребен во СВР Куманово заради докажување на потекло на примениот тутун.

З.Д. по трет пат искористувајќи ја својата службена положба и овластување на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт           не му пресметал  закупнина за оставен тутун на чување за период од 2006 до 2016 година со што го оштетил Тутунски комбинат „Боро Петрушевски Папучар“ АД Куманово во стечај во вкупен изност од 3.298.687 денари и Агенцијата за стокови резерви во вкупен износ од 1.394.764,80 денари.

А.С.  како еден од сопственици на ДПТУ „Еуробени“ ДОО експорт-импорт во согласност на И.С. изготвил една испратница на име на правно лице „Дрини Ком“ од Струга за наводно продаден ферментиран тутун во количина од 984 бали  или вкупен износ од 408.360 денари со пресметан ДДВ, ставил потпис и печат од избришана фирма така што со продажба на превземениот тутун  во вредност од 2.498.474 денари избегнале плаќање на ДДВ во иснос од 449.725,оо денари