Неандерталците први се занимавале со уметност

Сподели со своите пријатели

Новите научни откритија  во шпанските пештери претставува најсилен доказ дека неандерталците први почнале да се занимаваат со уметност.

Главното откритие претставува староста на некои пештерски сили и декорации на школките.

– Пештерските слики се стари околу 65.000, а декорациите на школките околу 115.000 години, кога живееја неандерталците, се посочува во студијата објавена во „Сајенс“ (Science).

Европските истражувачи открија дека таквите дела се создадени пред современиот човек (homo sapiens) и дека станува збор за неандерталците, праисториски луѓе кои живееле во делови од Европа и од Азија.

Досега се сметаше дека првите пештерски слики се дело на хомо сапиенсот./МИА

Leave a Reply