Не сте сигурни дали тој е човекот за вас? Одговорот го знае вашето куче

Сподели со своите пријатели

Кучето е најдобар човеков пријател, а може да почувствува многу работи кои можат да му помогнат на човекот. Затоа би требало почесто да ги слушате своите миленици.

Студијата објавена во магазинот „Neuroscience and Biobehavioural Reviews“ покажала дека кучињата се способни да препознаат лоша личност. Поточно, можат да откријат кога некој се однесува лошо кон други луѓе.

За да се дојде до такви податоци, истражувачите побарале од сопствениците на кучиња да глумат различни сценарија пред своите миленици. Сопствениците се преправале дека не можат да отворат конзерва пред да побараат двајца истражувачи да им помогнат.

Во првото сценарио еден истражувач пасивно ја набљудувал нивната мака, додека другиот понудил помош. Во второто сценарио еден пасивно гледал ако сопствениците се мачат со отворање на конзервите, а другиот активн одбивал да им помогне.

Откако ги одглумиле двете сценарија, истражувачите понудиле колаче на кучето. Кучињата ги земале од двајцата истражувачи по првото сценарио, но во другото го игнорирале истражувачот кој бил непријатен кон нивниот сопственик.

Истражувачите заклучиле дека кучињата имаат можност за препознавање кога некој лошо се однесува кон нивните сопственици и дека се приалгодуваат на таа ситуација. Од друга страна луѓето се склони кон тоа да не веруваат на својата интуиција и да пружаат прилика на луѓето, кои на крајот ги повредуваат.