Не сте единствени: Овие сексуални проблеми се почести од што мислите!

Сподели со своите пријатели

Понекогаш се чувствувате како да сте единствени во светот кои ги имаат овие проблеми, но дефинитивно не сте.

Вашето либидо е поголемо од неговото

Не се ретки мажите чие либидо не е толку високо, но ретки се оние кои тоа ќе го признаат. Многу жени кои имаат значително поголемо либидо од своите партнери би можеле поради тоа да се чувствуваат лошо, да се плашат дека не се доволно привлечни на својот партнер или дека имаат проблеми со нимфоманија. Без грижа, не сте нимфоманка и потполно е нормално што често имате потреба за секс со вашиот партнер. Исто така, не моера да значи дека сексуално не го привлекувате. Едноставно вашето и неговото либидо не се на иста бранова должина.

Сте навлегле во досадна сексуална рутина

Кога сте на почетокот на врската, искрите треперат на сите страни. Се сакате еден друг, секаде и секогаш, многу често и во сите можни пози. Сега, по некое време, имате чувство дека вашиот сексуален живот е се, само не интересен. И ова е верувале или не сосема нормално. многу парови во долгогодишните врски западнуваат во сексуална рутина, точно знаете кога и каде ќе имате секс и во која поза. Можете да се потрудите да ја освежите вашата врска со секси игри.

Неговата самодоверба не е втемелена

Овој проблем се однесува на следната ситуација: вашиот партнер со сите сили се труди да ве задоволи, кога и да размислувате за нежност и притоа има настап како да е апсолутен крал на сексот, секој потег покренува воздишки, оргазми и пеперутки во стомакот. Но, воздишките, оргазмите и пеперутките изостануваат затоа што тој сепак нешто или ништо не прави како што треба. немојте веднаш да помислите дека сте несреќна девојка која завршила во врска со преубав фраер кои е грозен во кревет. Веројатно причината е тоа што од првиот ден кога со нешто тргнало како не треба, вие сте молчеле за тоа, а тој продолжувал работите да ги обавува на начин кој мислел дека вам ви одговара. Во врската мора да постојат отворени разговори.

Неговата „опрема“ не функционира секогаш

Можеби понекогаш сте останале во шок затоа што не му се кренал. Ваквите тешкотии може да се случат и на млади мажи во најдобрите години, а причините можат да бидат и физички и психички, иако најчесто второто. Ако овие проблеми се јавуваат само повремено, немате причина за грижа. Вашиот партнер е под стрес или само има некои други, поважни работи на памет. Дури и лошата исхрана, како и недостатокот на кондиција може да резултираат со ваков проблем.

 

Loading...