Не се гласаше за ниту еден амандман за законот за јазиците

Сподели со своите пријатели

Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија пред полноќ ја завршија амандманската расправа за Предлог законот за употреба на јазиците. Во Комисијата за европски прашања не се гласаше за ниту еден од 90 поднесени амандмани.

Во соопштение од Комисијата се наведува дека согласно член 171-в став 1 од Деловникот на Собранието, Комисијата не успеа да се произнесе по првиот амандаманот. Во согласност со Деловникот, како што се посочува, Комисијата за европски прашања не водеше претрес и по останатите поднесени амандмани бидејќи беше истечен рокот од најмногу три работни дена за водење на претресот по амандманите. Седницата е затворена без да биде прифатен ниту еден од 90 поднесени од кои 84 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и два од Беса. Законот е проследен до Собранието.

Продолжението на седницата вчера помина во долги реплики на пратениците од ДУИ, кои го образложуваа и го читаа законот. На расправата, како што најавија, не присуствуваа пратениците од Беса и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Комисијата Артан Груби во изјава за медиумите вчера рече дека тој не може да ги ограничи пратениците во должината на нивните говори и ги отфрли тврдењата дека ова е еден вид блокада за да се спречи расправа за амандамните поднесени од Беса, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ, како што рече, не поддржува промена на текстот на законот, кој е производ на политички компромис помеѓу коалициските партнери.

Текст: МИА / фото: МКД.мк

Loading...