Не можете да спиете од топлото време? Трикови кои ќе ви помогнат да го решите проблемот!

Сподели со своите пријатели

Едвај дочекавме да дојде летото, но кој се надеваше дека пеколот ќе потрае. Напорните денови се уште понапорни, а температурите не паѓаат ниту во текот на ноќта, па спиењето претставува вистински проблем доколку немате клима уреди. 

Будењето неколку пати во текот на ноќта, потењето и барањето барем едно постудено место во креветот станаа ритуал секоја вечер. Но еве неколку трикови кои можеби ќе ви помогнат полесно да се справите со овој проблем.

Ставете лед пред вентилаторот. Поздрава и поевтина алтернатива за крима уредот е поставување боца со заледена вода пред вклучениот вентилатор. Внимавајте само воздухот да не струи директно во вас и ќе уживате во разладената спална соба.

Одржувајте ја циркулацијата на воздухот. Направете проток на воздухот над креветот, вентилаторот насочете го кон отворен прозорец, а вашиот кревет нека се наоѓа во средина.

Држете ги чаршафите во фриждер. Можеби ви изгледа лудо, но е корисно. Ќе ве дочека разладен кревет во кој весели ќе легнете. Чаршафите ставете ги во фриждер неколку часа пред спиење, важно е само да не бидат влажни. Ако можете да ги ставите во пластичка кеса, за да не примат мирис на храна би било одлично. Кога ќе се одлучите да одите на спиење, наместете го креветот и нурнете се во него.

Заменете ја постлнината. Полесна постелнина со светла боја е најдоброто решение ако сакате вашиот крвет да остане прозрачен. Свила, полиестер и руги материјали оставете да ги почекаат постудените денови, кога е топло памукот е вистинскиот избор.

Бидете ниско. Спуштете се што поблизу до подот или дури и на самиот под. Топлиот воздух е поредок од постудениот па се дига кон таванот, па што пониско се спуштите, ќе ви биде посвежо.

Прозорците нека бидат затворени, а завесите навлечени. Во текот на денот навлечете ги завесите и ролетните на прозорците од спалната соба, така просторијата не се грее без потреба. Ако можете, отворете ги дури во текот на ноќта кога температурата е пониска.

Изберете широка пижама. Што пошироко тоа подобро, летно правило број еден. Памучните пижами или долната облека се најдобар избор. Многумина сакаат да спијат голи и тврдат дека така им е постудено, додека другите се уверени дека така потта останува на телото наместо да го впие пижамата.

Спијте како Египјаните. Замотајте се со влажен чаршаф за време на спиењето. Легендата тврди дека старите Египјани се служеле со овој трик за да им биде постудено за време на навистина топлите ноќи.

Чаршафи на прозорецот. Собата можете да ја разладите така да испот отворениот прозорец ставете влажен чаршаф, преку кој ќе се виори ветер и ќе ве разладува.

Чорпаите ставете ги во фрижидерот. Како што некои во текот на зимата ги затоплуваат чорапите, така и разладувањето ќе ви помогне во текот на летото да спиете полесно. Разладувањетона екстремитетите ќе ја намали вашата телесна температура и ќе дејствува смирувачки. Алтернатива е да ги ставите нозете во ладна вода пред спиење.

Исклучете ги сите уреди и сијалици во спалната соба. Како и сијалиците и уредите го загрејуваат просторот. Извлечете ги од штекер пред спиењето.

Ова се ноќи кога саката да спиете сами. Жал ни е, но партнерот покрај вас може да значи само пот и дополнителна топлина.

 

Loading...