Навас разочаран по поразот од Еспањол

Сподели со своите пријатели

Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас е многу разочаран по поразот(1:0) од Еспањол во 26. коло од Примера Дивизија.

Домаќините победничкиот гол го постигнаа во последните моменти од натпреварот, па Реал немаше време да се спаси од пораз.

– Нормално е да не се чувствуваме добро, бидејќи сакавме да победиме. Сепак, од овој пораз не може да се изведе заклучок дека направивме чекор назад. Понекогаш победувате, понекогаш губите. Треба да манифестирате карактер во такви ситуации и да се движите напред. Ние мора да продолжиме да бидеме целосни професионалци. Тимот е сплотен и кога победуваме и заедно губиме, истакнува Навас.

Реал е трет на табелата со 14 бода заостанување зад лидерот Барселона која има и натпревар помалку./МИА

Leave a Reply