Научниците открија зошто Амишите живеат 10 години повеќе од останатите

Сподели со своите пријатели

Ретка генетска мутација откриена кај заедницата Амиши во САД ја објаснува нивната долговечност и според зборовите на научниците, отвара пат за третман за дегенерација предизвикана со стареење.

– Тоа е прва човечка генетска мутација за која е докажано дека има многубројни влијаија на биолошките промени предизвикани од стареењето, рекол пр. Даглас Вон, претставник на Медицинскиот факултет на Северозападниот универзитет во Чикаго.

Седум строго чувани тајни на Амишите

Loading...

Истражувањето чии резултати вчера биле објавени во списанието „Science Advances“ спроведено било врз 177 Амиши на возраст од 18 до 85 години во нивната заедница во Берн, во сојузната држава Индијана.

Се покажало дека 43 лица имаат мутација на генот „серпин еден“ кој силно го намалува производството на протеинот PAI-1, па поради тоа имаат подобро здравје и живеат најмалку 10 години подолго од луѓето кои ја немаат таа мутација. Очекуваниот живот век во САД е 78,8 години.

 

 

Меѓународен научен тим докажал дека „метаболитичкиот профил“ на Амишите е поздрав и дека се зналитечно помалку подложни на дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

исто така, откриено е дека „теломерите“ на нивните антитела се најмалку 10% подолги.

„Теломери“ е дел од ДНК кој се наоѓа на крајот на секој хромозом поради заштита и кој се намалува со текот на времето и допринесуваат до стареење.

ТАЈНИОТ ЖИВОТ НА АМИШИТЕ: Имаат демони, а младите уживаат во дрога и алкохол (фото)

Амишите се затворена, многу строго дисциплинирана христијанска заедница со потекло од Швајцарија. Групно во 18 век мигрирале во САД каде смета дека живеат над 250.000.

Живеат едноставно, се изолираат од другите, се облекуваат скромно, се занимаваат со производство на храна користејќи древни методи, па се сметаат за еколошка и здрава заедница и одбиваат современа техника и уреди.