НАСА: На овие градови им се заканува исчезнување

Сподели со своите пријатели

Топењето на ледот на Гренланд е се поголемо и посериозно, а за тоа научниците пред се го обвинуваат глобалното затоплување предизвикано со човечките активности.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

Loading...

Како што пренесува ВВС, иако Гренланд и Антарткик се наоѓаат далеку до Њујрок и Лондон, топењето на ледот може да им нанесе сериозни проблеми, поточно, нивото на морето ќе се подигне и со самото тоа ќе се променат бројни светски брегови.

Различно влијание ќе има на различни градови во различна мера, велат експертите од НАСА. Какво ќе биде влијанието на кој дел од топката на Земјата зависи од тоа колку водите ќе се топат и каде.

Научниците креирале виртуелен глобус на кој може да се пронајдат 293 крајбрежни градови и да се види на кој начин топењето ќе влијае на секој од нив.

НАСА му платила 14.500 евра да лежи во кревет, но постои мал проблем (фото+видео)

Жителите на Њујорк, на пример, би требало да бидат најзагрижени поради три големи глечери на североистокот на Гренланд и три на северозападот.

На Лондон, исто така му се заканува исчеснување, додека Сиднеј треба да се грижи за ледот на северот и североистокот на Антарктик.

Кога само три глечери би се стопиле на Гренланд нивото на морето би пораснало за десет сантиметри, предвидува НАСА, што е голема закана по источниот брег на САД.

Ако западниот дел на Антарктикот се сруши, нивото на морето би пораснало за 1,2 метри.

Во Европа поради топењето на западниот дел на Гренланд протоп се предвидува на градовите Тромос, Осло, Атина, Сиракузи и Дубровник.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Иако процесот на топење на ледените површини на Гренланд имал значително влијание на околината во минатиот век, научниците предупредуваат дека во 21 век тоа ќе биде уште поголемо.

– Градови и држави ќе се обидуваат да направат планови за ублажување на последиците од попалвите, но мора да размислуваат 10 години нанапред и да ги проценат ризиците на ист начин како и осигуриталните компании, вели вишио научник Ерик Ивинс, а пренесува ВВС.