Нарачала фармерки преку интернет, ги пробала, а потоа се згрозила кога во џебот го пронашла ова (фото)

Сподели со своите пријатели

Медицинската сестра Кристан Еванс нарачала преку интернет страницата „Nordstrom“ фармерки од брендот „Not Your Daughters Jeans“, а иако панталоните изгледале совршено, во џебот ја чекало гнасно изненадување.

Во џебот на фармерките кои ги платила 100 евра пронашла танги и тоа носени.

Се јавила во службата за корисници, но тие никогаш не и одговориле на повикот. На крајот одлучила на „Твитер“ да објави што се случило.

Loading...

– Откако многу години бев верна на вашата компанија, шокирана сум од недостатокот на корисничка поддршка откако ги добив фармерките „Not Your Daughters Jeans“ со валкани и носени танги во предниот џеб. Ја повикав корисничката служба и не добив одговор адекватан на стандардите на компанијата, напишала на Твитер, а пренесува „Индекс“.

Додава дека, како медицинска сестра, ја загрижува опасноста за здравјето која валканата долна облека ја носи со себе.

Како што обично и се случува, откако нејзината приказна излезе во јавност, „Nordstrom“ се извини и понудил замена, па објавиле дека истражуваат што всушност се случило.

Инаку, Кристин досега честно нарачувала преку оваа страница и немала вакви или слични проблеми.