Направен уред кој во пустина може да произведе вода од воздух

Сподели со своите пријатели

Научниците од Инстиутот за технологија Масечусетс и Универзитетот Калифорнија направиле уред кој работи на сончева енергија и прави пивка вода од воздух, дури и со пустински климатски услови.

Направивме функционален уред кој ќе им даде чиста вода, која им е најпотребна – рекла Евелин Ванг, инжинер за меаника и една од креаторките на уредот.

Иако слични уреди веќе постојат, тие не работат во суви климатски услови и користат повеќе енергија.

Новиот уред изгледа како кутија која има прилагоне метален органски оквир кој е клучниот материјал кој се однесува како сунѓер кој собира што повеќе вода додека кутијата е отворена.

Кога водата ќе се собере, кутијата се затвора и се изложува на сонце. Сонцето го загрева материјалот така да испушта вода од неговата површина како пареа. Пареата потоа се претвора во течност со кондензатор кој воедно и ја лади.

 

Loading...