Нападот врз 17-годишниот ученик пријавен во полиција

Сподели со своите пријатели

Вчера во 14.00 часот телефонски во Полициската станица Аеродром, А.И. (51) од Куманово пријавил дека истиот ден околу 13.30 часот во Скопје на булеварот „3-та Македонска Бригада“, во близина на СУГС „Марија Кири Склодовска“, неговиот 17-годишен син, додека се возел со двајца негови другари во комбе на релација Куманово-Скопје, физички бил нападнат од пет до шест непознати лица, најверојатно ученици кои патувале во истото комбе.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, најпрвин му пришло едно од лицата и, откако го прашало нешто, го удрило со тупаница во пределот на главата, по што истиот паднал.  Тогаш пришле и другите лица и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во близина на СУГС „Димитар Влахов“ малолетникот се симнал и настанот го пријавил на полициски службеници. Од физичкиот напад лицето се здобило со повреди во пределот на главата и телото.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.