Најпопуларниот збор во светот денес слави роденден

Сподели со своите пријатели

Најпопуларниот збор во светот, ОК денеска слави 178ми роденден. Прв пат зборот билз абележат во употреба на денешен ден во 1839 година во американскиот весник „Бостон морни пост“.

Тој збор скоро секојдневно го употребуваме, што во говорот, што во пораките кои со некого ги разменува. Алан Меткалф, експерт з аисторија и значење на зборовите тврди дека тоа е најчестиот изговорен и пишан збор на планетата.

Ако се запрашате зошто е тоа и најмистериозниот збор во светот, затоа што нејзиното етимолошко потекло никогаш не е точно утврдено.

Етимолошки, овој збор нема директни врски со латинскиот, грчкиот или било кој друг древен јазик.

Оксфордскиот речник, на својот сајт ги отфрлува твдењата дека најпопуларниот збор на светот потекнува од некои грчки и шкотски изрази, за во ред е, туку тврди дека ОК скратеницата од „all crrect“ што значи „во ред, се е точно“.

Денес оваа кратенка ја користиме кога сакаме некому да искажеме согласност, нешто да одобриме или на соговорникот да му дадеме до знаење дека се сме разбрале. И интересно е што скоро и да нема личност на планетата која нема да ве разбере ако и кажете ОК, без оглед кој јазик го зборува.

 

Loading...