НАЈНОВО ОТКРИТИЕ: Еве од каде потекнуваат модерните луѓе

Сподели со своите пријатели

Најновите откритија укажуваат дека претците на модерните луѓе потекнуваат од Африка и Азија, од каде се раселиле по Земјата.

Черепот пронајден во Кина би можел да го промени разбирањето на човековата еволуција, тврдат научниците кои го проучувале, а кој е откриен во Кина пред 40 години.

Балканот е колевка на цивилизацијата? Нова теорија на еволуцијата која може да ја промени историјата

Loading...

Черепот припаѓал на човеки предок хомоеректус и сочуван е изненадувачки добро. Тој череп има необични сличности со модерниот хомосапиенс, а новит еистражувања сугерираат дека сличен примерок е пронајден и во Мароко.

Поголемиот дел антрополози веруваат дека човековиот вид се појавил во Африка пред 200.000 години и дека една група се одвоила 80.000 години подоцна и се раширила низ светот. Но, новото истражување отвора можност за теоријата дека луѓето се развиле и во Источна Азија, а не само во Африка.

Како случајноста ја успорила еволуцијата на живите суштества?

Можно е да постоеле периоди на интезивно мешање кога тие рани луѓе од Азија оделе во Африка и обратно, тоа би значело дека се модерните луѓе се составени од ДНК на претците од Африка и Азија. Многу познати академци со години ги отфрлаат овие теории, а некои дури тврдат дека се измислени за да се истакне улогата на Кина.

Сепак, новото откритие фрла сосема поинакво светло на развојот на човековата раса. Постојат извесни можности дека раните модерни луѓе не биле изолирани на едно место, додека им се развивале карактеристиките, туку да се ширеле низ светот.

Докази за еволуцијата на видовите што можете да ги најдете на вашето тело (видео)

Можно е да доаѓало до размена на генетски материјал помеѓу раните луѓе во Африка и оние во Источна Азија, пренесуваат научните портали.