НАЈЛУДИ РЕЛИГИИ ВО СВЕТОТ: Во Америка се молат на СВЕТА СЛАНИНА

Сподели со своите пријатели

Дојде време кога секој може себе да се прогласи за месија, но фантазијата на овие луѓе далеку ги надминала границите на нормалното.

Одредени верници се поклонуваат на сланина, додека други спасувањето го гледаат во доброволна смрт.

Црква на сланината

Обединетата Црква на сланината има девет заповеди како животот би бил посреќен и исполнет со сланина. Имаат околу 4.000 членови, а ги прифаќаат сите кои сакаат сланина и кои се подготвени да ги шират зборовите за неа ширум светот.

Црква на Летечки шпагети чудовишта

Познати и како пастафаријанци, членовите на оваа црква тврдат дека имаат илјадници обожавателиширум светот. Пастафаријанците веруваат дека светот настанал од шпагети чудовиште, а членовите на цркавата носат цедилки на главата како знак на приврзаност.

Џедизам

Да, оваа црква е инспирирана од воините кои се борат против Темната страна во „Star wars“. Некој ја земал идејата на Џедаја и Сила и ги споил на духовно ниво. Црквата Џедаја верува во моќта на сила која ја поврзува вселената. Во оваа религија таа сила е дел од човештвото – носител на моралот одвнатре.

Апатеизам

Апатеистичкиот центар верува дека нема Бог, а дури и ако постои тие целосно се незаинтересирани за тоа. Еднаш годишно се состануваат за да разговараат за својата рамнодушност.

Обожавање на принцот Филип

Во јужниот Пацифик се наоѓа островот Танна на кој мештаните живеат со верување дека принцот Филип е Бог кој чекори по Земјата. Тоа верување потекнува од древната приказна за планинскиот дух кој отпатувал, но се вратил кога се оженил со моќна жена. Со оглед дека и војводата од Единбург е сопруг на кралицата, прилично одговара на описот.

Црква на еутаназија

Црквата на еутаназија е инспирирана со сонот на величествениот Крис Корд. Во сонот, тој се соочил со вонземска интелигенција, т.е. некое суштество кое зборувало за уништувањето на Земјата. Црквата има вознемирувачко мото: „Спаси ја планетата – убиј се!“