НАЈКРАТКИОТ IQ ТЕСТ: Колку сте интелигентни?

loading...

За да бидете примени во „Менс“, ќе мора успешно да го решите тестот кој има десетина прашања, но изгледа дека постои и полесен начин да утврдите дали воопшто да се обидувате.

Тестот на когнитивна рефлекција е најкратниот тест за интелигенција во светот и содржи само три прашања. Обидете се да одговорите на нив. Ако одговорите на сите три, дефинитивно вашата интелигенција е над просекот.

ТЕСТ НА КОГНИТИВНА РЕФЛЕКСИЈА

  1. Палка и топче заедно чинат 1,10 фунти. Палката чини една фунта повеќе од топчето. Колку чини топчето?

  2. Ако пет машини за пет минути направат пет виџети, колку време ќе биде потребно 100 машини да направат 100 виџети?

  3. Езерото започнале да го прекриваат локви. Секој ден, површината под локвите се дуплира. Ако е потребно 48 дена целата површинана езерото да биде прекриена со локви, колку денови се потребни локвите да прекријат половина од езерото?

Најголемиот дел одговараат вака?

  1. 10 пени

  2. 100 минути

  3. 24 дена

ТОЧНИ ОДГОВОРИ:

Прво прашање:

Ако топчето чини Х, а плаката чини фунта повеќе, тогаш палката чини Х+1

Топче+палка = Х+(Х+1)=1,10

Значи: 2Х+1-1,1 ; 2Х-0,1 ; Х-0,05

Точен одговор: пет пени

Второ прашање

Ако пет машини направат пет виџети за пет минути, една машина ќе направи еден виџет за пет минути.

Ако 100 машини прават виџети, тогаш 100 виџети ќе направат за пет минути

Точен одговор: пет минути.

Трето прашање:

Ако локвите целото езеро го прекријат за 48 дена, а секој ден површината се дуплира, тоа значи дека само ден претходно го прекриваат половина езеро. Значи, 47 дена, половина од езерото е под локви.

Точен одговор: 47 дена.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments