Најголемите секс тајни на хороскопските знаци: Еве што ги доведува до лудило!

Сподели со своите пријатели

Сигурно многупати сте се запрашале како да заведете некој хороскопски знак, а овој пат ви ги откриваме нивните најголеми сексуални тајни. Внимавајте, од некои знаци можно е да се изненадите.

Loading...

Овен

Овенот се возбудува од самата помисла на секс. Еден допир и поглед ќе бидат сосема доволни да му ја распалите фантазијата. Но, овенот сака и освојување, па затоа во играта глумете дека сте рамнодушни кон него – тоа ќе го доведе до лудило.

Бик

Бикот сака интимност и романтика. Приредете некоја романтична и вкусна вечера, запалете свеќи, ставете некој добар парфем на себе и веднаш ќе го освоите.

Близнаци

Близнаците најмногу сакаат неизвесност. Праќајте им  секси фотографии, но не откривајте премногу. Зборувајте им на телефон што би сакале да им правите, но прекинете го разговорот на најврелиот дел и загарантирано ќе дојдат кај вас.Рак

Нема да го намамите ракот со сексуални ветувања, туку со романтика и конкретни докази за љубов. Докажете му дека навистина ви значи и ќе биде ваш.

Loading...

Лав

Овој знак сака да доминира и најсреќен е кога кон него се однесуваат како да е центар на Универзумот. Опсипете го со комплименти и восхитувајте му се, па ќе ви се оддолжи во кревет.

Девица

Ова е најчистиот знак во зодијакот, па мора да сте вистински виртуоз за да го доведете во секси расположение. Тоа најдобро ќе го направите со нешто што никако не очекува – на пример, да го пречекате во секси долна облека како готвите вечера.Вага

Вагата сака еротични детали, како што е заводлива долна облека. Посветете внимание и на шминката и парфемот. Доволно е да се потрудите да изгледате префинето.

Шкорпија

На шкорпијата не и треба дополнително возбудување, треба повеќе да сте загрижени за тоа како да се одбраните од нејзината желба за секс. Таа за сѐ ќе се погрижи.

Стрелец

Ова е мошне авантуристички знак, па знае да го возбуди секс на отворено и различни пози. Ако не сте егзибиционист, тешко дека ќе се усогласите со стрелецот.Јарец

Loading...

Овој знак делува досадно, сѐ додека не го притиснете правото копче. Обезбедете му мирен простор, не претерувајте со барањата и пуштете ги работите да се одвиваат по свој тек.

Водолија

Водолијата најмногу сака да фантазира. Предложете и секс на необични места и во чудни моменти, иако тешко ќе и биде да го изведе тоа, доволно ќе биде да и ја разгорите фантазијата и да ја одведете во кревет.

Риби

Кај нив мора да преземете иницијатива и да им покажете колку ги посакувате. Како и кај лавовите, мора да им го дадете целото внимание на светот за да се заинтересираат за вас.

(idividi.com.mk)