Најчести грешки што мажите ги прават во сексот

Сподели со своите пријатели

Мажи, доколку мислите дека за сексот знаете сè што би требало да знаете, се лажете! Сексуалната енциклопедија која ја имате во глава би можела да биде полна со пропусти кои би можеле да предизвикаат катастрофални грешки во креветот.

Една од причините поради која мажите погрешно ја перцепираат својата умешност во сексот е бидејќи имаат навика да применуваат некои од чекорите кои ги виделе во филмовите. Но, реалниот живот е далеку од филмскиот. Искуството може да биде од помош, но најголем број од жените се срамат отворено да кажат што им се допаѓа.

Знаете што сака таа

Мажите често претпоставуваат што сака жената на основа на претходните искуства, но сите жени не се исти. Како што мажите сексуално созреваат, така и го присвојуваат сексуалниот репертоар за кој имаат погрешно мислење дека е подеднакво добар за секоја жена.

Три работи кои мажите не ги сакаат во кревет

Loading...

Имате сè што и треба на жената

Некои жени не можат да постигнат оргазам со помалку од 3000 вибрации во минута. Ниеден човечки јазик или прсти не можат тоа да го произведат. Ако единствениот начин жената да доживее оргазам го вклучува и вибраторот, тоа не значи дека со неа нешто не е во ред. Гледајте на вибраторот како на помошник, не како на заменик.

Сексот создава исто чувство кај двата пола

Пенетрацијата е навистина добро чувство за мажите, па затоа тие не можат да замислат дека жените не го делат истото мислење. Ова не може да е далеку од вистината. Внатрешноста на вагината кај најголем дел од жените е помалку чувствителна од надворешните делови. Затоа, длабоката пенетрација многу често е непријатна за жените. Доколку пенисот е предолг, жената има чувство дека ја удирате во стомак и се создава мачнина.

Мислите дека добро ја познавате женската анатомија

Најголем дел од мажите знаат што е клиторис и каде да го пронајдат. Но тоа не значи дека тие вистински разбираат како тој функционира. Повеќе од 30 години се знае колку е важен клиторисот за доживување на оргазам. Но верувањето дека жените треба да бидат способни да постигнат оргазам преку вагинална пенетрација,  упорно опстојува. На многу жени им е потребна и стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Мажите многу често не знаат како да го допираат и колку е чувствителен. Допирот кој една жена ја возбудува многу, за друга може да не биде ништо посебно, дури да биде и болен. Некои повеќе сакаат индиректна стимулација. А како можете да дознаете како жената сака да ја допирате? Прашајте ја.

Нема причина за срам! Ситуација во сексот од која се плашат и жените и мажите

Влажноста значи сексуална возбуда

Мажите понекогаш се загрижени доколку жената не е доволно влажна, иако влажноста и сексуалното возбудување не одат секогаш рака под рака. Некои жени имаат тенденција да бидат повеќе влажни од  други, а и природното влажнење кај една жена може да се менува од ден на ден. Влажнењето зависи од фазата на менструалниот циклус, а на него влијаат и стресот и земањето на некои лекарства.

Молчењето е злато

Многу мажи сметаат дека за време на сексот треба да бидат тивки, но додека вашиот глас не се слушне, партнерката треба да погодува што ви се допаѓа, а што не. Жената која сака да го задоволи мажот би ценела одредени упатства.