Најбрзиот пливач ќе стигне до крстот во Градскиот базен

Сподели со своите пријатели

Прв пат годинава се организира пливачка манифестација за одбележување на прaзникот „Водици“ во Затворениот градски базен во Куманово, но верниците нема да скокаат по крстот, туку до него ќе стигне најбрзиот пливач.

Спортскиот настан се организира на иницијатива на трите пливачки клубови во градот: „Тумба“, „Делфин“ и „Аква“ заедно во соработка со локалната самоуправа и Кумановско-осоговската епархија.

Добивме барање пред неколку денови од трите спортски клубови во општината кои се лиценцирани од агенцијата за спорт и млади, да  направат спортска манифестација по повод водици, со тоа што во писмото беше наведено дека тие ќе ги почитуваат сите правила и ценовници кои се донесени од страна на општината и Советот правилата кои важат за сите граѓани во општината за однесување и сите оние спортски активности опрема која треба да биде донесена, сето тоа ќе биде испочитувано и базенот односно просторот ќе биде откупен за час и половина со тоа што ќе им биде фактуриртано на трите клубови кои ќе си го платат по ценовниот кој е донесен и мислам дека ќе биде добра манифестација за одбележување на водици со тоа што и програмата ќе биде одбележана бидејќи сето тоа стои во нивната програма и на иницијатива на клубовите ние како јавно претпријатие сме должни да им дадеме дозвола бидејќи се работи за објект кој е од отворен карактер и ќе се исполнат сите оние активности кои им се во програмата – изјави Сашо Петрушевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Освен во затворениот базен, традиционално како и секоја година крст ќе се фрла и во базените на градските цркви и соборни храмови. Литургијата ќе започне во 8 часот наутро, а осветувањето на водите во кои ќе се фрла крстот во базените на храмот „Свети Никола“ и црквата „Света Троица“  ќе започне од 9:30 до 10 часот, а во 12 часот на затворениот базен ќе започне трката до светиот крст.