Надлежните го вклучија портоколавиот аларм за екстремно ниски температури

Сподели со своите пријатели

Надлежните институции го вклучија портокаловиот аларм за студен бран кој се очекува ноќва да ја зафати територијата на Република Македонија и да трае и во текот на утрешниот ден.

Препораки за заштита од студеното време:

Избегнувајте физичка активност на отворено!

Користете топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и за мраз!

Внимавајте на лизгави површини!

Размислете за набавка на основните лекарства и прехрамбени продукти порано, побарајте да ви ги достават или пак замолете пријател или сосед за помош!

Избегнувајте да излегувате надвор, освен ако не е неопходно!

Бидете активни и движете се во затворените простории колку што е можно повеќе!

Проверете го греењето во домот! Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).

Доколку сте во можност помогнете им на членовите на фамилијата, на соседите или на пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (на постарите лица или на оние со белодробни заболувања). Доколку забележите лице во ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) пријавете на бесплатниот телефон 15505!

Според најавите на метеоролозите, утре наутро ќе биде многу студено, речиси насекаде температур ата ќе се спушти под -10, а на некои места и под -15 степени. Во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои до петок претпладне на некои пониски места ќе поминат во дожд, а локално ќе има и појава на замрзнат дожд (дожд што замрзнува при допир со тлото ја зголемува опасноста од лизгање).

Во петок попладне врнежите насекаде ќе бидат од дожд.

За време на викендот се уште ќе има слаб локален дожд, но ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на с нежната покривка.

Leave a Reply